почетна

 

Нет.Бит е приватна фирма за консалтинг и информатички инженеринг. Основана е во 2006-та година, главно од тим на профеционалци кои работеле заедно уште од 2002. Седиштето на Нет.Бит e во Скопје, а канцеларии има и во Велес.

Нашата визија е да станеме водечка регионална фирма во испорака на информатички услуги и деловен консалтинг.

Нашата мисија е да градиме партнерски односи со нашите клиенти во разбирањето и решавањето на нивните деловни потреби со изнаоѓање на напредни решенија кои ќе им обезбедат поголема конкурентност, квалитет и раст на нивниот бизнис.

Наши клиенти главно се банки, финансиски институции и мобилни и фиксни телеком оператори.

Производ на Нет.Бит се деловни информатички системи (опрема, програми, консалтинг, проектирање и интеграција), како и деловен консалтинг за управување со квалитетот, сигурноста на информациите и деловниот континуитет. Нашите производи се од стратешка важност за нашите клиенти.

Нет.Бит е организиран во три деловни сегменти:

bullet

Испорака на технолошки решенија и поврзани услуги е сегментот кој работи на планирање, испорака, интеграција и техничка поддршка на опрема и софтвер од нашите партнери, водечки светски фирми како што се: ХП, НСН, Циско, Иронпорт, Мајкрософт и други.

bullet

Деловен консалтинг и решенија е деловната единица која се занимава со испорака на наши софтверски решенија и консалтинг за управување со квалитетот, сигурноста на информациите, деловниот континуитет, итн.

bullet

Датацентар е деловна единица лоцирана во Велес која обезбедува информатичко-комуникациска инфраструктура и услуги за складирање на податоци, работа на апликации и деловни операции.

 

Нет.Бит во моментов (2008) вработува 15 експерти, и други надворешни консултанти од разни профили. Главната одлика и инвестиција на Нет-Бит е високо-обучениот и професионален тим. Преку постојана едукација, Нет-Бит ги следи сите светски трендови и ги испорачува услугите според највисоките светски стандарди.

 

 

 

 

 

                      Нет-Бит д.о.о. Чедомир Миндеровиќ 41, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел/Факс: +389 2 329 85 33, www.netbit.mk