|
Покана за семинар:
Имплементација на ИСМС преку ИТ, 22 октомври 2008 (среда)
Почитувани,
Воведувањето на систем за управување со сигурноста на
информациите (ИСМС) е процес кој започнува од ревизија на
деловните процеси и воспоставување на нови правила на однесување,
а завршува со воведување на соодветни мерки и контроли во
информатичката инфраструктура.
Стандардот ИСО 27001 предвидува низа контроли и извештаи кои
треба да се воспостават во делот на ИТ. Но, од друга страна,
огромниот број на информации кои дневно циркулираат низ
информатичкиот систем на секоја организација, може да се
контролира од аспект на безбедноста на информациите само доколку
се имплементираат современи средства и решенија.
Во последниве неколку години, како резултат на светските
трендови во имплементацијата на ИСМС, на пазарот се појавија
голем број на нови производи и решенија од оваа област.
Продолжувајќи ја традицијата на пазарен лидер во
имплементацијата на ИСМС, Нет.Бит оваа година организира семинар
на кој ќе се претстават некои од најновите достигнувања во
областа на практичната имплементација на ИСМС преку ИТ. На
семинарот, покрај нашите експерти, ќе учествуваат и гости од
водечките светски компании: Oracle, IBM, Cisco и
IronPort.
Што ќе научите од семинарот?
Семинарот има за цел да Ви даде јасна слика за тоа какви
информатички решенија се потребни за постигнување на сигурност
на информативниот систем во Вашата организација. Ќе биде
претставен детален приказ на контролите од ИСМС (ИСО27001) кои
се реализираат преку имплементација на решенија во ИТ, како и
некои комерцијални решенија. Во прилог се дадени и темите на
семинарот.
За кого е наменет семинарот?
Семинарот е наменет за менаџментот, одговорни за информативна
сигурност и одговорни за информатичка технологија во
организациите. Исто така, семинарот е интересен за аудитори,
консултанти и други експерти од областа на ИСМС и ИТ.
Време и место на одржување
Семинарот ќе се одржи на 22 октомври 2008 во ресторанот “Ден и
ноќ” со почеток во 09:00 часот. Ве молиме Вашето учеството на
семинарот да го пријавите преку испраќање на пријавата која
можете да ја преземете од нашата веб страна www.netbit.mk на
contact@netbit.com.mk или на факс 02/3298 533.
Содржина на
семинарот
 |
Нет.Бит
- безбедносни контроли од стандардот ИСО27001 кои се
реализираат преку ИТ
Голем дел од контролите во стандардот ИСО 27001 се
имплементираат преку примена на ИТ. Како вовед во
семинарот, нашите експерти ќе ги лоцираат тие контроли
од стандардот и можните технолошки решенија.
|
 |
Oracle
Audit Vault - производ за сигурносен надзор и
известување за бази на податоци
Базите на податоци се најважниот имот на организациите.
За нивна заштита постојат нови производи кои
овозможуваат надзор, известување и откривање на
неавторизирани активности. Најновиот производ на Оракл
(Oracle) овозможува заштита и на бази на податоци
Microsoft SQL, и со тоа нуди можност за интегрална
заштита податоците во хетерогени околини.
|
 |
IBM
Tivoli Security Operations Manager/Compliance Insight
Manager |
 |
Cisco
MARS - производ за управување со безбедноста на мрежната
инфраструктура
Широката примена на технологиите за управување со
безбедносни информации и технологии (Security
Information and Event Management, SIEM) е резултат на
потребите за усогласеност со стандардите и регулативите,
како и со безбедносните потреби. Од овој сегмент, ќе се
претстават овие две врвни решенија од Cisco и IBM.
|
 |
IronPort
Mail & Web Security/Security Management - производи за
контрола на безбедноста на интернет и и-мејл содржините
Еден од главните предизвици за безбедноста на
информациите во организациите е интернетот. Како да се
реализира заштитата од опасностите кои доаѓаат преку
интернет, но и од оддавањето на информации од
организацијата кон интернет ќе демонстрираат нашите
гости преку презентацијата.
|
|