|
Net.Check
- Безбедносна проверка на ИТ инфраструктура
Дали Вашите
информациски системи се безбедни?
Кој се има пристап до витални ресурси и информации од ИТ
инфраструктурата на Вашата фирма?
Дали треба да ја засилите сигурносната заштита на ИТ системите?
 |
Со Net.Check ќе
добиете увид во постоечкото ниво на сигурност на секој
поединечен ИТ систем во Вашата компанија и на целата ИТ
инфраструктура.
|
 |
Ќе можете да ги утврдите отстапувањата од корпоративанта
сигурносна политика и
|
 |
Да ја оцените критичноста на пропустите кај системите за
безбедноста на информациите кои ги обработуваат.
|
Net.Check е услуга за
тестирање на Вашата ИТ инфраструктура вклучително на мрежната
топологија, мрежните елементи, оперативни системи, базите на
податоци и апликативниот софтвер.
Бидејќи заканите и ризиците по сигурноста се менуваат во текот
на секојдневното функционирање на организациите, целосна
согласност со регулативите и стандардите за сигурност не
гарантира и `сигурна` ИТ инфраструктура. Затоа е неопходно
континуирано да се проверува и оценува сигурноста на ИТ
системите на сите нивоа. Резултатите од проверките треба да се
основа за дефинирање на насоки за развој на сигурносната
политика и пракса на организацијата.
Тестовите на системскиот софтвер и на комуникациите на
Net.Check се базираат на
индустриски стандарди и тестни протоколи од водечките
организации: NSA* (National Security Agency - Агенција за
национална безбедност), CIS* (Center for Internet Security-Центар
за Интернет безбедност) и NIST*(National Institute for Standards
and Technologies - Национален институт за стандарди и технологии).
Проверката на безбедноста со Net.Check
го вклучува и повисокото ниво на заштита – апликациите.
Резултатот на тестовите на информатичката безбедност со
Net.Check е тежинска оценка
со заклучоци и препораки кои треба да и помогнат на
организацијата да ја подобри безбедноста во следните области:
 |
Мрежна
архитектура и оперативна координација
|
 |
Следење на
мрежата, детектирање и заштита од упади
|
 |
Управување
со бази на податоци и апликации
|
 |
Практики за
конфигурација и управување со критичните системи
|
 |
Политики за
внатрешен и надворешен пристап
|
 |
Физичка
безбедност на ИТ системите
|
 |
Проценка на
ризикот и управувачки практики во ИТ одделот
|
 |
Управување
со електронските комуникации
|
 |
Обука за
безбедносни процедури и постапки
|
Net.Check го изведуваат
нашите специјалисти за системи кои се обучувани и сертифицирани
од водечки светски имиња: HP, Microsoft, Nokia-Siemens networks,
Cisco, Oracle, BSI и CIS. |