|
Зошто обука за IS Manager?
Нет.Бит дава свој придонес за
постигнување на задоволително и прифатливо ниво на сигурност на
информациите во Вашата организација преку организирање на сопствен
тренинг курс за Information Security Manager.
Обуката се реализира од сертифицирани (BS17799 Implementation, BS7799
Lead Auditor, ISO27001 Implementation, CIS IS Manager, CIS Lead Auditor)
предавачи-консултанти од Нет-Бит на македонски јазик.
Безбедноста на информациите
во денешно време претставува императив и има директно влијание на
стабилноста и профитабилноста на деловното работење. Секојдневно сме
сведоци на злоупотреба, неовластено користење или губење на информациите
како во светот, така и во нашиот регион.
Нашиот стремеж и потреба за следење на современите светски деловни
трендови неминовно ја наметнува потребата од воведување и контрола на
безбедноста на информациите и информационите системи. Во таа насока,
примената на меѓународниот стандард ISO17799 кој всушност претставува
еден вид водич и препораки за имплементација и контрола на систем за
сигурноста на информациите, е неопходност.
Проценката дали усвоените сигурносни контроли и мерки се во сообразност
со препораките и насоките на ISO17799 стандардот се врши со помош на
стандардот ISO27001.
Курсот е наменет за:
 |
Information Security
managers (ОСИС), |
 |
Information Security
auditors, |
 |
ИТ менаџери и
професионалци одговорни за имплементација и управување со ISMS
системите во согласност со стандардите ISO17799 и ISO27001,
|
 |
Консултанти од областа
на Сигурност на информационите системи. |
За време на обуката ќе
бидат опфатени следните содржини:
 |
Сигурност на
информационите системи – вовед, цели, придобивки |
 |
Процесен модел на
управување – Врската помеѓу ISO9001, ISO17799, ISO27001, ISO20000 и
Basel II |
 |
Системи за управување
со сигурноста на информациите (ISMS согласно ISO17799 и ISO27001) |
 |
Имплементација на ISMS
(согласно ISO17799/27001/27002) |
 |
Управување со ризици |
 |
Управување со деловниот
континуитет |
 |
Проверка на
функционалноста на плановите за деловен континуитет |
Придобивки од примената на
ISO27001 стандардот:
Доверливост - информацијата е достапна само на оние кои се
авторизирани за пристап,
Интегритет – гаранција за неменливост (точност, комплетност и
веродостојност) на информацијата и методите на обработка,
Расположливост – овластените корисници имаат пристап до
информацијата и системите секогаш кога за тоа има потреба,
Одговорност – точно дефинирање и распределба на сопственоста (припадноста)
и одговорноста за информационите средства.
Времетраењето на курсот за IS Manager е 3 дена, вклучително со завршниот
испит.
|