почетна

ITSM-ISO20000

Методологијата на Нет-Бит за воведување на ITSM процесите пропишани во стандардот ISO/IEC20000 се реализира преку комбинација на интерактивни работилници, работилници со претставниците од повеќе компании и индивидуални консултации со клиентот со што се овозможува максимална ефективност во имплементацијата, инволвираност и мотивираност на вработените во остварување на придобивките од имплементацијата.

повеќе...

 

Net.Standard Bank

Net.Standard Bank претставува интегрирано решение за управување засновано на стандардите: ISO9001, ISO27001/BS7799-2* и ISO20000/BS15000.
Овозможува финансиските организации да ја контролираат достапноста и безбедноста на информациите и на деловните процеси, и на тој начин да го намалат оперативниот ризик.

повеќе...

 

Net.ITSM

Решенија за управување со информатичките сервиси

Net.ITSM претставува разбирливо решение за имплементацијата на ITIL кое се базира на BS15000/ISO20000* стандардите. ITIL (IT Infrastructure library) претставува препорака за најдобра пракса за организација во испорака на ИТ услуги, односно Систем за управување со ИТ услуги (ITSM IT Service Management) во кој се дефинирани процесите, нивната меѓусебна поврзаност и дефинирање на улогите на учесниците во тие процеси. Целта е да се имплементира целосен систем за управување со ИТ услуги, не поединечни процеси.

повеќе...

 

Net.QMS

Системи за управување со квалитетот

Net.QMS е решение на Нет.Бит за воведување на системи за управување со квалитетот во организациите според стандардот ISO9001:2000.
Управувањето со квалитетот всушност значи управување со деловните процеси, континуирано подобрување, систематско планирање и мерење на резултатите

повеќе...

 

Net.InfoSec

Системи за управување со безбедноста на информациите

Net.InfoSec е решението на Нет.Бит за имплементација на системи за управување со безбедноста на информациите и деловните процеси во фирмите и институциите со цел да се намалат оперативните ризици во делувањето.
Оперативни ризици вклучуваат потенцијални загуби настанати поради недоволна безбедност на информациите и на деловните процеси.
Безбедноста на информациите во денешно време претставува императив и има директно влијание на стабилноста и профитабилноста на деловното работење.

повеќе...

 

Net.BCM

Управување со деловниот континуитет

Net.BCM (Business Continuity Management) претставува логичен редослед на активности кои е потребно да се превземат за да се задоволат барањата искажани со имплементацијата на ISMS, а воедно претставува и неопходна појдовна основа при имплементација на најдобрата пракса за управување со ИТ сервисите согласно ITIL (ITSM).

повеќе...

    

 

 

Нет-Бит д.о.о. Чедомир Миндеровиќ 41, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел/Факс: +389 2 329 85 33, www.netbit.mk