|
„Аполо 13 – ИТСМ практично искуство“ -
Еднодневна интензивна работилница
одржана на 28.01.2009 во Скопје
Акредитирани
предавачи-тренери: Игор Стевковски и Робин Бојчевски
СРЕДНА ОЦЕНКА
ОД
СПРОВЕДЕНАТА ОБУКА: 9
(можност за оцена од 1 до 10 – 1 е најлошо, 10 е најдобро)
Сите учесници го делат мислењето дека оваа Аполо 13 работилница им
овозможува:
 |
Да ја спроведат ИТИЛ
теоријата во практика,
|
 |
Да ги препознаат ИТИЛ
процесите во самата игра
|
 |
Да ги разберат врските
помеѓу ИТИЛ процесите
|
 |
Да ја разберат важноста
на тимската работа
|
 |
Да ги препознаат
факторите за успех на имплементација на ИТИЛ најдобрата пракса
|
Коментари
од учесниците:
 |
„Oдлична работилница”,
|
 |
„Oвозможува да се
научат нови нешта без ризик”
|
 |
„Интересен пристап”
|
 |
„Интересна и динамична”
|
 |
„Ја препорачувам за сите вработени, од највисоки менаџерски функции до оперативни
работни места” |
 |
„Можеме да го видиме трошокот за неправилното работење” |
 |
„Пртисокот од ограниченото време е како во ралниот живот – се работи за
планирање и носење на одлуки” |
 |
„Станавме свесни за хаосот и конфузијата во процесите и за нашите одговорности” |
 |
„Ве соочува со одлуки и избори кои мора да се превземат” |
 |
„Помага за разбирање на тоа како се менуваат приоритетите со одминување на
времето...” |
 |
„Ја разбравме меѓуповрзаноста на процесите” |
 |
„Вистинско „отворање на очите“ – кои процеси работат паралелно и кои се битни
во одредено време” |

Зголемената
потреба од разбирање на концептите на системите за управување со ИТ
услуги и најдобрата пракса од ИТИЛ носи и нови пристапи во начинот на
обуката. Најпопуларната ИТИЛ работилница во светски рамки, единствена
обука од ваков вид, се повеќе се применува во ИТИЛ едукацијата како
комплементирање на класичните „теоретски“ обуки.
Симулацијата „Аполо 13 – практично искуство од ИТСМ“ е интензивна,
еднодневна обука во која ИТИЛ концептите и процесите се искусуваат преку
користење на интерактивна игра. Во оваа работилница, се симулираат
реалните ситуации земени од мисијата на НАСА Аполо 13. Се работи во тим,
со што се учат и искусуваат сите придобивки на решенијата од најдобрата
пракса на ИТИЛ.
Работилницата се справува со следниве предизвици на ИТ организациите:
Управување со времето на нефункционирање на ИТ системите (IT Downtime)
 |
Трошоци за операциите
на ИТ |
 |
Слабо управување со
конфигурации и продукција (Configuration and Release Management)
|
 |
Неефективна поддршка на
прво ниво и решавање на проблеми
|
 |
Слабо информирање во
управувањето и контролата
|
 |
Управување со системите
|
 |
Усогласување помеѓу „бек
офис“ и „фронт офис“ (Back-office & Front office alignment)
|
 |
Инцијативите за
подобрувања во процесите не испорачуваат вистински придобивки |
Преку справување со овие
предизвици, учесниците можат да го видат, почувствуваат и искусат
влијанието на овие теми врз трошоците, квалитетот, времето и вкупните
перформанси на организацијата. Во симулацијата тие анализираат,
поставуваат приоритети и вршат реални подобрувања во решавањето на
горенаведите теми. Тие потоа го симулираат влијанието и ефектот од
нивните измени и воочуваат значајни намалувања на трошоците, побрзо
решавање на проблемите, зголемување на квалитетот и задоволството на
клинетите. Учесниците идентификуваат кои од темите опфатени во
симулацијата се применливи во својата организација и идентификуваат кои
од инцијативите за подобрувања во симулацијата се навистина потребни во
нивното секојдневно работење.
Со оваа симулација, познавањето од ИТИЛ основите, ќе биде применето во
реални ситуации, при што ќе се увидат врските помеѓу овие процеси,
улогите на одговорните лица, проблемите и можните подобрувања, како и
реалната примена во организацијата.
|